Поднесена кривична пријава за жител на с.Виштица

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.А.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 24.11.2020 во с.Виштица, општина Липково, пријавениот, во својство на физичко лице, со товарно возило „мерцедес“, сопственост на С.А., вршел јавен превоз на огревни дрва со испратница издадена од фирма од с.Гошинце, општина Липково, без да поседува лиценца за јавен превоз издадена од Министерството за транспорт и врски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)