Подобри приноси од ланската жетва

 Приносите од пченицата и јачменот што се прибираат годинава  се подобри и со подобар квалитет од претходните години,  покажува последниот извештај од реализираната жетва во кумановскиот регион. Добрите приноси се резултат на поволните  услови за развој на есенските жита, велат надлежните. Според Насер Даути, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Куманово жетвата се одвива непречено и според планираната динамика.Има доволно механизација и ако се оди со истото темпо како и досега жетвата навреме ќе биде завршена.

-Кај јачменот приносот се движи од 4 тони по хектар површина до 4.500 килограми по хектар , додека кај пченицата приносот е од 3.500 до 4.000 килограми по хектар. Кај поголемите земјоделски претпријатија кои ги применуваат сите агротехнички мерки приносите се уште поголеми добиваат и по 6.000 килограми по хектар, изјави Насер Даути, раководител на п.е на МЗШВ, Куманово

Од почетокот на жетвата досега се ожнеани околу 50 проценти од планираната површина со пченица и повеќе од 90 проценти со јачмен. Надлежните се задоволни од

-Последниот извештај што го имаме од терен, жетвена површина по хектар е вкупно некаде 12.820 хектари за пченица од кои земјоделски претријатија 2.000, а земјоделски производители 10.820 , значи ожнеани површини за пченица вкупно 6.410 хектари,  земјоделски претпријатија 1.000, а индивидуални земјоделци 5.410 што значи некаде 50 проценти ожнеани површини по хектар за пченица односно за јачменот има површина 8.713 хектари од кои земјоделски претпријатија 1.000 хекатри а индивидуални земјоделски производители 7.713 хектари од кои се ожнеани површини над  90 проценти, изјави Даути.

И покрај добрите приноси, и оваа година  посочуваат  надлежните остануваат истите проблеми како што се пласманот на земјоделските култури односно откупот на пченицата, несоодветното скалдирање на житото и слично.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)