Поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38% во однос на одлуката од 16 септември.

Од ноќеска по полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95, 84 (денари/литар)

моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98, 87(денари/литар)

дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)

масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,00 (денари/литар)

мазут М-1 НС 50,391 (денари/килограм).

Коментари

коментар(и)