Во средното економско училиште Перо Наков денеска се одржа литературно читање посветено на Кочо Рацин. Учениците и наставниците од ова училиште со делата на зачетникот на современата македонска поезија го започнаа циклусот на литературни читања.
-Ова литературно читање за прв пат јас го почнувам како наставник во Перо Наков и сум изненадена од големиот интерес затоа што сите ученици доброволно се пријaвија да читаат поезија од Рацин на повеќе јазици, имаме на англиски, германски, албански, руски, шпански и италијанска и гледате и од публиката одзивот е добар-истакна Емилија Јакимовска, наставник по македонски јазик и литература Перо Наков.
На настанот присуствуваа и ученици од техничкото училиште Наце Буѓони и гимназијата Гоце Делчев.