Пожари во Стрима и Доброшане

Со затоплување на времето почнаа и првите пожари во кумановско. Во тек на изминативе два дена противпожарната единица Куманово регистирала два пожари, од кои едниот е во липковското село Стрима, а вториот во Доброшане.

Пожарот во Стрима кој избувнал во недела попладне, траел до раните утрински часови во понеделник. Во истиот била зафатена дабова и букова шума и трева во површина од пет хектари.

Во гасењето учествувало јавното претпријатие Шумско Стопанство-Куманово со пет вработени  и две теренски  возила. Надлежните информираа дека веќе е формирана комисија која треба да излезе на  лице место и да ја процени  штетата.

Во вториот пожар во село Доброшане, кој бил регистиран во 16 часот и 20 минути била запалена сува трева во близина на  Искрин мост. Пожарот  бил изгаснат  во 18 часот и 30 минути, а во гаснењето учествувале  4  пожарникари  со  едно  возило. Се уште не е утврдено за колкава опожарена површина  и  материјална  штета се работи.

Инаку од противпожарната единица Куманово потсетуваат дека палењето оган на отворен простор е казниво со закон и ги предупредуваат граѓаните да внимаваат да не предизвикуваат пожари. Поради неконтролираното палење и високите температури имаше големи пожари во кумановско, кои предизвикаа штети на шумите и земјоделско земјиште.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)