Пожарникарите бележат две интервенции изминатиов викенд

Припадниците на територијалната противпожарна единица интервенирале на опожарена слама и на куќа во кумановска населба.

– Првата интервенција беше на опожарена слама, складирана во напуштен објект на поранешниот комбинат ЗИК Куманово во село Љубодраг. Интервенирано е во 07:10 часот со три противпожарни возила и шест пожарникари. Пожарот е успешно саниран и завршен во 09:35 часот, причината како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

Пожарникарите гаселе пожар и на семејна куќа во населбата „Перо Чичо“ во периодот од 12:30 до 13:05 часот со едно противпожарно возило и пет пожарникари. Причина за пожарот била неисправна електрична инсталација, соопштија од Регионалниот центар со управување со кризи Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)