Пожарникарите бележат неколку интервенции

Кумановските пожарникари изминатото деноноќие имале две интервенции. Првата била техничка интервенција на отворање на стан на булеварот „Октомвриска Револуција“, а втората во село Глажња, Општина Липково, каде гаснеле запален смет. По неколкучасовна интервенција пожарникарите се повлекле, бидејќи не можеле да интервенираат од големината на снегот, но немало опасност од проширување на пожарот.

Пожарникарите од Старо Нагоричане пак интервенирале на запалена сува трева и овоштарник во село Пелинце.

Коментари

коментар(и)