Пожарникарите со интервенции на запалена трева

Кумановските пожарникари изминатото деноноќие интервенирале на запалена сува трева во село Отља. На интервеницијата учествувале тројца пожарникари, а во гаснењето на пожарот помагале и неколку мештани, стои во дневниот билтен од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарникарите од Старо Нагоричане пак вчера гаснеле сува трева и ниско стеблеста шума во Младо Нагоричане.

Коментари

коментар(и)