Пожарникарите со четири интервенции

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие бележат четири интервенции.

Според  Регионалниот центар за управување со кризи, противпожарни екипи интервенирала на запалена сува трева во атарот на село Табановце и во Долно Којнаре.

Но, пожарникарите во текот на изминатото деноноќие имале и техничка интервенција, односно на затворен стан лоциран на улицата „Климе Охридски“ , а гаснеле и запален оџак на објект лоциран на улицата „Тоде Мендол“, информираат надлежните од РЦУК.

Коментари

коментар(и)