Пожар уништи имот на седумчленото семејство Хелдовиќ

Пожар рано утринава ја зафатил куќата на седумчелното семејство Хелдовиќ од ромската населба Средорек. Во пожарот нема повредени, но е причинета голема материјална штета. Целосно е оштетена една од двете соби во кои живее ова семејство. Триесет и двегодишниот Суад раскажува дека е уништена покуќнината која сиот живот ја создавал.

-Станав утрово во 6 часот кога видов внатре гори, голем пламан. Дојдоа соседите да помогнат вода од чешма, река да не дозволат да се шири ќе се запалат сите куќи, детето ми беше внатре среќа тој што се разбудил нема изгореници и последици. Како што гледате се е изгорено нема ништо.  Се мачам да купам сега за половина час нема ништо-нагласи  Суад Хелдовиќ.

Брзата интервенција на соседите, но и противпожарната единица не  дозволила огнената стихија да ги зафати и останатите домови кои се наоѓаат во непосредна близина на куќата на Хелдовиќ. Семејството Хелдовиќ  се надева дека ќе добие помош од хумани граѓани, Центарот за социјални работи и невладини организации.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)