Кумановските пожарникари се уште интервернираат на пожарот кој од синоќа ја зафати архивата, која се наоѓа во подрумскиот дел. Пожарот е локализиран, но се уште чади.
Командирот на смена од ТППЕ Куманово, Борис Станковски информираше дека работат активно но има проблем со непристапниот терен. Рече дека располагаат со доволен број на вработени. Претседалката на судот нагласи дека екипи ќе ја утврдуваат штетата и причината. Зафатени се предмети уште од 50-тите години. Таа ја отфрла можноста дека пожарот намерно е предизвикан. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски нагласи дека експерти од Скопје ќе ги утврдуваат причините.