Познати филмовите селектирани на „Филмај 2021“

Фото-кино клуб „Козјак” – Куманово ги објави петте филма одбрани од стручното жири да бидат во официјална селекција за Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2021” – Куманово:

– NIMIC – на режисерот Yorgos Lanthimos

– When I dance, the Earth trembles – режиран од Otto Lazić-Reuschel

– GOOD THANKS, YOU? – филм на режисерката Molly Manning Walker

– Bonobo – во режија на Zoel Aeschbacher

– The Silence of the River – режиран од  Francesca Canepa

Претходно (на почетокот на мај) беше соопштено дека трочленото жири составено од Лидија Мојсовска (режисер/ сценарист), Наум Доксевски (кинематограф) и Дејан Ангеловски (фотограф) одлучи фестивалските награди да одат за филмовите:

– ‘The Visit’ (Иран) – награда `Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија

– `Da Yie` (Гана) – награда `Радислав Ристевски` за најдобра фотографија/кинематографија

– `Witness` (Иран) – награда `Козјак` за најдобро сценарио

– `Неонски срца` – награда за најдобар домашен (македонски) филм

Фестивалската вечер е планирана да се случи во септември 2021.

Одлуката за поместување на фестивалот од месец мај за во месец септември беше поттикната од желбата за оддржување во подобри здравствени и безбедносни услови, како и од страствената волја на организаторот да овозможи целосно фестивалско искуство, со публика физички присутна во проекционата сала.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)