Показна вежба за евакуација во „Гоце Делчев“

Десетина волонтери од тимот за прва помош при општинската организација на Црвениот крст денеска со неколку ученици од гимназијата  Гоце Дечев, спроведоа показна вежба за евакуација во случај на подметнат експлозив.

Учениците заедно со наставниците добија упатства и насоки како да постапат  и да им помогнат на повредените кои се во нивна билизина, при ваков случај.

-Секоја година организираме евакуација на ученици и вработени, тоа се пробни активности, во случај на опасност, пожар или други непогоди мора да се евакуираат во овој случај вежбата беше подметнат експлозив, бомба. Сега организираме за прва и трета година до крајот на учебната година планираме и со втора година- изјави Драган Илиевски, наставник Заштита и спасување.

-Ова беше една од многуте показни вежби кои што ги прави Црвениот крст, јас бев дел од неа. Целта да оваа показна вежба беше да се прикаже како при пожар учениците да се евакуираат, да им се помогне на повредените, да се санираат повредите. СОУ Гоце Делчев има и тим за прва помош во кој членувам и кој на крајот на мај ќе учествува во општинскиот натпревар за прва помош- посочи Андреа Николиќ, ученик „Гоце Делчев“ .

Во вежбата покрај волонтерите на општинскиот Црвен крст, учествуваа и претставниците на Секторот за превенција при СВР Куманово, и Противпожарниот сојуз.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)