Показна вежба за евакуација во „Крсте Мисирков“

Показна вежба за евакуација на ученици при пожар со двајца повредени, се одржа денеска во основното училиште „Крсте Мисирков“. Вежбата се реализираше во соработка на училишниот тим на Црвен крст, Црвениот крст на Република Македонија и општинската организација. Учениците од шесто до деветто одделение заедно со наставниците и помошниот персонал имаа должност согласно планот, откако ќе го слушнат алармот, правилно и бргу да се евакуираат во дворот.

-Бидејќи располагаме со голем број ученици и во случај на ваква елементарна непогода или земјотрес за да учениците бидат правилно евакуирани, согласно плановите кои ги добивме од Црвен крст а претходниот ден направивме и обука на учениците, како да излезат правилно, да се заштитат и да бидат евакуирани во случај на ваква непогода во училиштето. Инаку за истакнување е дека во нашето училиште е формиран првиот училишен клуб во рамки на општинската организација на Црвениот крст, а на крајот кога ќе бидат евакуирани учениците со младите волонтери ќе прикажат како да се укаже помош на повреден ученик-нагласи директорот на ОУ Крсте Мисирков, Александар Јовановиќ.

Oпштинската организација на Црвениот крст заедно со училишниот тим од „Крсте Мисирков“ заедно реализираат бројни работилници, хуманитарни и крводарителски акции.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)