Показна вежба за евакуација на деца од градинка

За само три минути денеска беа евакуирани и спасени од огнена стихија децата од градинката Ангел шајче во близина на спортската сала. Во пресрет на утрешниот ден на пожарникарите денеска беше организирана тактичко-показна вежба за евакуација на деца од градинка при случај на пожар. Успешната акција беше во реализација на претставниците на територијалната противпожарна единица Куманово, општинскиот противпожарен сојуз, екипите на Црвениот крст, дирекцијата за заштита и спасување, претставници од отсекот за превенција од СВР Куманово и од противпожарниот сојуз на Македонија.

-Вежбата има едукативен карактер,но и подготовка на иноволвираните субјекти за постапување при пожар и конкретно евакуација на најмладите при случај на пожари.

„Акцент беше ставен на спасување на деца од предучилишна возраст. Искрено се надеваме дека нема да дојде, до ваков случај, но ние мора да бидеме подготвени.Вежбата помина беспрекорно“-изјави Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово

Денешната вежба е доста корисна и едукативна и за децата, но и за сите вклучени во реализацијата, рече претседателот на општинскиот противпожарен сојуз Часлав Јовановиќ. Тој се осврна и на почетоците на противпожарните организации и друштва.

– Првата противпожарна организација датира уште од 1932 година.Во почетокот пожарите ги гаснеле уличните чистачи со скромен материјал и една рачна пумпа,наследена од турските власти.Интересен податок е што подоцна започнале да се формираат доброволни против пожарни друштва,така што од 109 села во 72  имало противпожарни друштва. Сега нема толкав број на добороволни противпожарни друштва, изјави Часлав Јовановиќ, претседател на општинскиот противпожарен сојуз.

– Противпожарниот сојуз на Македонија во текот на целата година посветува огромно внимание на подигање на свеста на граѓаните како да се постапи при случај на пожар, преку пропаганди, со разни активности, подготовка на материјали, организирање обуки, натпревари, вежби, изјави проф.др Никола Николов, Противпожарен Сојуз на Македонија

Градинката „Ангел Шајче “ е прва градинка во државава  во која што се изведува ваква показна вежба, рече директорката Марина Алексовска.

– Вежбата само навидум изгледа лесно, иако  претходно се изготвени елаборати,правилници, протоколи на кој начин секој треба да постапува во таква состојба, изјави Алексовска.

– Како организирана општина неопходно е превентивно да се делува преку вакви вежби во насока на подигање на свеста за заштита од пожари,почнувајќи од најрана возраст, изјави Максим Димитриевски, претседател на Совет на општината

Општинскиот противпожарен сојуз по успешно завршената вежба на сите учесници им додели благодарници.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)