Поливалентна вакцина пристигна во Здравствениот дом

Кумановските центри за вакцинација се снабдија со илјада дози од новата петовалентна  вакцина, „пентаксим“ која штити од дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа и Хиб. Од детскиот диспанзер за вакцинација велат дека долго ја очекувале комбинираната вакцина  бидејќи  со едно боцкање децата се заштитуваат од повеќе заразни болести.

-Една вакцина пентоксим содржи 5 вакцини и штити од пет заразни болести.Порано ги дававме одделно се пиеше и ставаше во рака и нога, а сега истата се дава само во нога и се скратува бројот на убоди,вели, Марина Тодоровска, лекар по општа медицина во диспанзерот за вакцинација.

Од вчера започна примената на поливалентната  вакцина која се дава на децата кои имаат закажан термин, па наместо поединечна примаат комбинираната вакцина, објаснуваат надлежните. Тие додаваат дека родителите не даваат отпор при вакцинација на нивните деца бидејќи се информирани за предностите на оваа вакцина.Со оглед на тоа што поливалентната вакцина влегува во календарот за вакцинација од детскиот диспанзер објаснуваат дека отсега  децата континуирано ќе се вакцинираат со неа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)