„Политика за социјална инклузија на лицата со попреченост“

Во рамките на проектот „Политика за социјална инклузија на лицата со попреченост и нивните семејства“, кој го спроведува здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, заедно со уште десет организации од државата, денеска во Куманово се одржа фокусна група, на која родители на лица со попреченост зборуваа за проблемите со кои се соочуваат.  Проектот има за цел да обезбеди податоци и информации, кои ќе служат како основа за изработка на предлог-измени на Законот за здравствена и социјална заштита.

-Во областа на здравствена заштата граѓаните со попреченост над 26 годишна возраст се соочуваат со ограничен пристап во обезбедувањето бесплатно лекување, третмани, помагала и лекови.  Правото на парична помош од социјална заштата е предвидено само за згрижувачи а биолошките семејства на лицата со пореченост не можат да остварат никакво право на поддршка од страна на државата-изјави Благица Димитровска од здружението за промоција и развој на инклузивно општество, „Инклузива“ Куманово.

Резултaтите од истражувањето, односно сите приоритети ќе бидат објавени во публикација. Во тек на истражувањето е планирана и посета на шкотскиот парламент, во која ќе бидат вклучени пратеници и политичари од Република Македонија, за да можат да се увидат тамошните искуства и закони. Инаку проектот се финансира од Европската унија, а кофинансира од Вестминстер фондација, во рамки на проектот Граѓаните во собрание: Законодавни иницијативи за човекови права.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)