Политичарите со пораки за изборите

-Денеска Македонија бира претседател, Куманово, исто така избира претседател на државата, посакувам успешен ден на сите, празник за сите бидејќи ја имаме една од главните задачи, а тоа е да го избереме човекот кој што во идниот период ќе не води и ќе ја претставува државата како дома,  така и во странство. Македонија мора да продолжи во процесот на евроатлантските интеграции, тука сме сите единствени и верувам дека граѓаните ќе имаат денеска капацитет да го изберат својот татко бидејќи ние тоа го заслужуваме и како држава и како народ и како сите етнички заедници кои што живееме во нашата држава која што сите ја сакаме, многупати сме знаеле тоа да го покажаме , верувам во изборот и секако посакувам најдобриот од кандидатите да ја добие поддршката на граѓаните, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово  

-Ние како ВМРО ДПМНЕ посакуваме денешниот ден да помине во најдобра демократска атмосфера без ниту една дамка на Македонија како никогаш досега и се потребни кристално чисти избори, тоа го очекуваат граѓаните на РМ , но тоа се заложбите и на нашите пријатели од меѓународната заедница. Како ВМРО ДПМНЕ сме убедени дека граѓаните во овој момент имаат многу лесен избор затоа што пред нив се исправени сосема два различни , дијаметрално спротивни политички  концепта, политички гледишта, и веруваме дека граѓаните на РМ се мудри, знаат да ја препознаат разликата, и на крајот на денешниот ден ќе добиеме достоен претседател на РМ, изјави Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ

-Повикувавме целата кампања да имаме фер и демократски избори знаеме колку се неопходни во овој момент изборите да бидат фер и демократски заради тоа што сме под лупа на ЕУ и сите меѓународни институции, а воедно очекуваме и степенот на демократичност да се искачи на едно повисоко ниво се со цел да докажеме дека и во Република Северна Македонија  може да се гласа онака скандинавски како што многу пати знаеме да кажеме. Едноставно од нас зависи за кого ќе се даде поддршката , можеби и не е толку битно колку што е битен цензусот од над 720.000 граѓани на Република Северна Македонија да го искористат своето граѓанско право на глас.

Стево Пендаровски ќе биде име и презиме на државата и Стево Пендаровски ќе биде претседател каков што и е потребен на Република Македонија, изјави Мартин Костовски, претседател на ОО на СДСМ Куманово

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)