Политичари се обучуваа за пристап кон лицата со попреченост

Претставници на политички партии од градот денеска присуствуваа на работилница на тема „Комуникација и пристап кон лицата со попреченост, организирање на пристапни кампањи“, која ја организираше Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива. Целта е оваа категорија граѓани да биде застапена во политиката, со тоа што ќе бидат на листите на пратеници и советници, за да можат понатаму да делуваат за законски измени.

-Сите ние даваме со години напори да се подобри законската рамка во Република Макеоднија но за жал малку успеваме. Затоа што политичките партии не се запознаени со проблематиката на лицата со попреченост не ги знаат нивните потреби но и сопсобности. Бевме изненадени од одзивот не очекувавме толкава бројка на оваа работилница но тоа е мотив понатаму што повеќе вакви и други настани да организираме заеднички со сите политички партии денеска седат заедно на маса околу 10-ина политички партии нема политички препукувања туку со внимание не следат и поставуваат прашања, ги сфаќаме не им е јасно но затоа сме тука невладините организации заедно со нив да допринесеме за подобра иднина на оваа категорија на граѓани-истакна Благица Димитровска од Инклузива.

Пред присутните беше презентиран и извештајот за пристапност до гласачките места на лицата со попреченост, кој што го направија Државната изборна комисија и неколку невладини организации, меѓу кои и Инклузива.

-Тоа истражување беше пред локалните избори, податоците се објавени на страницата на Државната комисија и сметаме дека има простор за подобрување на пристапноста. Убавото е и за поздравување фактот желбата и мотивираноста на Државната изборна комисија, администрацијата, која го направи теренското истражување и ја виде фактичката состојба на теренот. Тоа е појдовна основа на фактот дека имаме нови градоначалници, раководства како резултат на изборите и тоа е основа која треба да служи за понатамошно лобирање и подобрување на состојбите-посочи  Афродита Хаџи Јахајмери, програмски менаџер на Меѓународна фондација за изборни системи ИФЕС.

Работилницата Инклузива ја организираше со поддршка на проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

 

Коментари

коментар(и)