Полицијата ги одзема возилата што се технички неисправни и нерегистрирани

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој стапи на сила на 26. декември 2020-та година, полициските службеници ги одземаат возилата кои се технички неисправни или учествуваат во сообраќајот со измината важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

„Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Доколку биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена. Во рок од 72 часа од моментот на одземањето, сообраќајната дозвола или регистарските таблици се доставуваат во местото каде што возилото се води во евиденција“, – соопштува СВР Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)