Полицијата денеска даруваше крв


Во просториите на полицијата денеска се одржа редовна крводарителска акција во тековната година која ја организира СВР Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и општинската организација на Црвениот крст.

Во акцијата се вклучија вработени од кумановската полиција, повеќекратни дарители, но и помлади припадници на безбедносната служба.

-Ова ми е 11 ти пат како дарувам крв и секогаш кога моето здравје ќе ми дозволи. Ова е хумана работа кон која  се придржуваме и ние во МВР, со паролата Секогаш со граѓаните. Упатувам повик на сите кои имаат добро здравје и кои можат да даруваат крв да се приклучат кон крводарителските акции, затоа што секогаш кога таа е најпотребна ќе служи за доброто на сите кога ќе им е потребно- истакна Аце Тасиќ, полициски инспектор, кој даруваше крв.

Од Институтот за трансфузиона медицина дополнија дека на ниво на државата има доволен број на крвни единици.

-Одзивот е задоволителен ги има од сите крвни групи, од тие што ни треба. Благодарност до гостопримството на полицајците од Куманово, нивната организација, така што досега акцијата се одвива во најдобар ред.  Акциите се одржуваат врз основа на годишниот план кој е во соработка со Црвениот крст. Се трудиме да се задоволени потребите на крв кои се потребни за пациентите од сите различни клиники. Не дозволуваме да останеме без крв, сега во моментот нивото на крвни компоненти кои ги имаме е на задоволително ниво, немаме недостаток на крв, но овие акции мора да се одржуваат- посочи д-р Ефтим Димитровски, Институт за трансфузиона медицина Скопје.

СВР Куманово традиционално организира три крводрителски акции годишно,  во февруари, јуни и октомври. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)