Полицијата и граѓаните заедно на терен во „Тоде Мендол“

Граѓаните од населбата „Тоде Мендол“ два пати неделно во просториите на месната заедница имаат прилика да се сретнат со полициските службеници и да разговараат за  проблеми со кои се соочуваат во нивното населено место. Среда од 10 до 13 часот и петок од 13 до 16 часот се термините резервирани за функционирање на т.н надворешна канцеларија на полицијата. Жителите од населбата се задоволни од полициската активност и велат, на ваков начин се чуствуваат побезбедно.

Освен функционирање на надворешна канцеларија на полицијата во „Тоде Мендол“ се спроведува и проетот “Застани и разговарај„  во кој се вклучени случајни минувачи, трговски и угостителски дуќани од населбата.

Секој вторник и четврток полициските службеници организираат соседски патроли во населбата. Тие ги  обиколуваат улиците и низ разговор со жителите се запознаваат со местата кои се ризични за нивната безбедност. Во текот на јули во соседските патроли учествувале советници од Советот на Општина Куманово, а тековниот месец е предвиден за учество на сите заинтересирани граѓани.

-Онаа што највеќе е проблем е вадењето на личните документи особено на лицата кои беа зафатени со борбените дејствија од месец мај на оваа подрачје. Сега овој летен период е непочитувањето на сообраќајните правила и безбедноста во сообраќајот и во тој контекст се преземаат мерки, вели Виолета Богдановска, раководител на отсек за превенција.

Соседски патроли освен во „Тоде Мендол“ се практикуваат и во останатите населби и руралните подрачја. Исто така полицијата планира отворање на повеќе надворешни канцеларии во различни населени места.

-Во овој период функционираше само оваа надворешна канцеларија меѓутоа од наредната недела договорени се уште некои простори во соработка со Советот на Општината во други населби, објаснува Богдановска.

Целта на ваквите полициски активности  е граѓаните да се охрабрат, да бидат поблиски до полицијата и заеднички  да ги решаваат проблемите кои ги засегаат. Според полицијата, вклучувањето на граѓаните во полициската активност би ја подобрила безбедносната состојба во сите  области.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)