Полицијата растури собир во месна заедница

Во Секторот за внатрешни работи вчера околу 18.50 часот било пријавено дека во барака на месната заедница во населба Железничка Станица во Куманово има група граѓани, кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.

Полициски службеници излегле на местото и во бараката биле затекнати шест лица, со што било утврдено дека се работи за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)