Полицијата со активности за побезбеден сообраќај и заштита од пожари

Полициски службеници од Секторите за внатрешни работи Битола и Куманово во текот на вчерашниот ден на подрачјата под надлежност на овие организациони единици на МВР реализираа низа превентивни активности, во најголем обем фокусирани на сообраќајот и сообраќајната безбедност.

Во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово во повеќе основни училишта во градот реализираа едукативни предавања за учениците, односно практична настава за сообраќајните правила и прописи важни за безбедноста на децата во сообраќајот и како пешаци и како корисници на велосипеди и тротинети. Воедно децата беа запознати со улогата и задачите на полицаецот-сообраќаец.

Коментари

коментар(и)