Полуподземни контејнери во центарот на градот (ВИДЕО)

На неколку локации во централното градско подрачје се заменуваат постоечките контејнери за смет со полуподземни. Праксата покажува дека еден полуподземен контејнер е со капацитет од пет кубни метри отпад и заменува шест обични контејнери. Со првиот тендер во вредност од 5,9 милиони денари набавени беа сетови полуподземни контејнери за осум локации. Во меѓувреме одделението за јавни набавки распиша втор тендер за набавка на вакви садови за складирање смет.

– Мислам дека се работи за околу 8 милиони денари. Имаме намера во иднина на сите локации, првенствено во централното градско подрачје, а потоа и во населбите да поставиме такви модерни контејнери кои што имаат многу поголем капацитет, дополнително не дозволуваат да сметот што се исфрла во постоечките контејнери кога имате ветер се разнесува во околината на контејнерите, имаат голем капацитет, помалку пати има потреба истите да се чистат во текот на денот и ќе се обидеме чистењето да биде во доцните вечерни часови, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Надлежните апелираат граѓаните соодветно да го пакуваат сметот за да нема проблеми при празнењето на новите контејнери.

– Она што е најбитно и апел до граѓаните да внимаваат при исфрлање на сметот, истиот да биде складиран во одредена пластична ќеса, прописно и да не се исфрлаат запаливи материи бидејќи може да дојде до трајно оштетување на оваа опрема која што е прилично скапа, но и многу трајна. Затоа мислам дека сето тоа што го вложуваме за нашиот град се вложува од нашите џебови, граѓанските пари за самата општина и треба да се грижиме за тој имот како што се грижиме и за се околу нас што е во нашето опкружување и дома за сопствениот имот, изјави Димитриевски.

За следната недела надлежните од јавното претпријатие „Чистота и зеленило “ најавуваат акција за собирање на кабаст отпад.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)