(ВИДЕО) Помала количина вода во браните Липково и Глажња, но доволна за водоснабдувањето

 

Помала количина вода, поради сушниот период регистрираат акумулационите езера Липково и Глажња, од кадешто градот се снабдува со вода за пиење. Директорот на јавното претпријатие Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, Оливер Илиевски информира дека во моментов браните располагаат со 11 милиони метри кубни вода, што за овој период е помалку за разлика од претходните години, односно изнесува околу 40 проценти од капацитетот на двете брани.

-Очекуваме зависно од временските услови во наредниот период да се доакумулира водостојот на браните Глажња и Липково, со цел да обезбедиме доволни количини на вода, за граѓаните на Куманово и Липково. Очекуваме од наредната година да профункционира и водоснабдувањето, вода за пиење и за граѓаните за Липково така што дел од акумулираната вода ќе треба да се одвои и за јавното претпријатие за водоснабдување на Липково. Граѓаните на Куманово да не се плашат од тоа што ќе им даваме на јавното претпријатие и на општина Липково затоа што очекуваме според нашите пресметки да се издвојуваат околу 700 до 800 илјади метри кубни вода за пиење за Липково, додека Општина Куманово користи околу 7 до 8 милиони метри кубни вода годишно-нагласи Илиевски.

Од претпријатието велат дека 2021-година била успешна за нив. На ниво на целата земја АД Водостопанство успеало финансиски да се стабилизира, па очекувањата се оваа година да започнат поголемите инвестиции, меѓу кои и реконструкција на затворачот на брана Глажња.

Коментари

коментар(и)