Помен со панихида за загинатите бранители

135- мина бранители од целата држава ги дадоа своите животи за татковината во воениот конфликт од 2001 –та година и уште осум припадници на полициските специјални сили загинаа во Диво Насеље во мај 2015-та година. во чест на сите загинати бранители , изминатиот викенд  се одржа помен со панихида во манастирот Свети Јоаким Осоговски кај Крива Паланка. На панихидата со која чиноначалствуваше намесникoт на Кривопаланечкото архиерејско намесништво, присуствуваше претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на АРМ, Ѓорге Иванов, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, членови на сите здруженија на бранители од државата, воени инвалиди, семејствата   на загинатите, роднини , пријатели.

-Во овие тешки времиња ние бранителите секогаш знаеме каде сме, кои сме и каде ќе застанеме, изјави Предраг Петрушевски, бранител од Куманово

Поменот кој што се организира втора година по ред, беше во организација на Здружението на воените  инвалиди „Бранител 2001 “ од Крива Паланка,

-Од минатата година по повод 15 години од воениот конфликт почнавме со организација на панихида за загинатите бранители и планираме да прерасне во традиција, изјави Константин Стојановски, претседател на Здружение на воени инвалиди  „Бранител 2001“

Организирање на помен со панихида е нешто најмалку што можеме да на направиме за бранителите , рече градоначалникот на Крива Паланка , Арсенчо Алексовски.

-Сакам да ја поздравам иницијатива на организаторите да се направи една панихида за загинатите бранители, тоа е нешто можеби најмало што можеме да го направиме за нив, во секој случај тие тоа го заслужуваат , важно е да не ги заборавиме, важно е мислиме за нив, тоа е за бранителите од 2011 и 2015 година , изјави Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка

Во овој конфликт, покрај останатите загинаа и седуммина бранители од Куманово , како и тројца бранители од Крива Паланка.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)