Пониски плати за судската администрација

Судските административци кои штрајкуваа и бараа надоместоци на плата, сега ќе добијат помала плата за 40 отсто. Но, и покрај ваквата одлука на Судскиот буџетски совет продолжува штајкот на судските службеници на ниво на државата, вклучително и во Основниот суд Куманово. Претставници на УПОЗ посочуваат дека на вработените во судската администрација со колективни одлуки им се кратат платите  поради учество во штрајк, наместо со поединечни решенија на кои ќе имаат право на жалба, што е противуставно и незаконски, пренесуваат медиумите. Од УПОЗ  велат дека Судскиот буџетски совет испратил нов допис до претседателите на судовите, задолжувајќи ги да им исплатат плата од 60 проценти за месец јуни на сите учесници во штрајкот на судската администрација, кој почна во мај годинава.

Оттаму објаснуваат дека  Судскиот буџетски совет првично испратил допис до претседателите на судовите, согласно член 77 од Законот за судска служба да изготват поединечни решенија за секој вработен за кратење на платите, но  деновиве испратиле нов допис за примена на колективното кратење на платите.

Во дописот , според УПОЗ пишувало: Трансферите на судовите при пресметка на плата за месец јуни за сите вработени кои штрајкуваа да го применат член 77, односно да добијат плата од 60 отсто и тоа да се направи со наредба до благајна -сметководство.

Од  УПОЗ  посочуваат дека одлуката е донесена за заплашување на вработените и прекинување на штрајкот, бидејќи судовите немале евиденција за тоа кои вработени штрајкуваат и се најавува  дека за ваквата одлука ќе бидат известени Државниот инспекторат за труд и Народниот правобранител. Инаку , судската администрација штрајкува  барајќи рамноправност со судиите во делот на исплатата на надоместоци на плата, односно  покачување на платите во висина од 35 отсто , но и регулирање на работното време. Штрајкот го организираат Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација откако ги прогласија за неуспешни преговорите со Министерството за правда околу измените на Законот за судска служба.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)