Поништено решението на Антикорупциска против Димитриевски, Мургашанска и Општина Куманово

Управниот суд на Република Северна Македонија го поништи решението на Антикорупциска комисија, кое се однесува на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Советот на општината, Атина Муграшанска.

Антикорупциската комисија донесе решение по дадена претставка на ВМРО-ДПМНЕ, за наводно користење на општински простории во Куманово за промоција на тогашниот претседателски кандидат Стево Пендаровски.

Управниот суд смета дека при донесувањето на решението, Антикорупциска комисија нецелосно ја утврдила фактичката состојба, поради што не била во можност да цени дали правилно е применето материјалното право. 

Според Управниот суд и приложените докази, предметната сала ја користат повеќе политички субјекти, здруженија и невладини организации со оглед дека на подрачјето на Општина Куманово нема друга соодветна сала. Исто така било укажано и дека салата не е во сопственост на Општина Куманово и нема исклучиво фактичко владение на истата. Поради тоа тужбените наводи и доказите приложени кон тужбата произлегува дека не е со сигурност јасно дали просторот во кој се одржала средбата со граѓаните е во фактичко владение на сега Општина Куманово имајќи предвид дека за предметната зграда се води судска постапка за утврдување на правото на сопственост, а кое нешто го потврдува и самиот тужен орган.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)