Поплавени ниви и викендички во кумановско

Поголема земјоделска површина насеана со пченица,  јачмен и детелина е поплавена ноќеска во кумановските села Клечовце, Јачинце и Довезенце, а под вода се и неколку викендички. Обилните врнежи изминативе два дена предизвикаа  излевање на Крива река и Пчиња. Мештаните со апел до надлежните конечно да се реши проблемот бидејќи последниве години постојано се поплавуваат истите ниви и објекти.  

 

Екипи на кумановската подружница на АД „Водостопанство Кумановско-Липковско Поле„ преставници од Центарот за управување со кризи  и  на Дирекцијата за заштита и спасување  од утрово се на терен во североисточниот регион и ја согледуваат состојбата. Сега за засега поплавена површина има само во кумановско и Старо Нагоричане, а што се однесува до браните Липково и Глажња иако водостојот е зголемен, нема прелевање. Пчиња во Старо Нагоричане целосно го поплави патот кон селото  Добрача и не може да се поминува ниту со возило.

 

-Имаме излевање во делот на бањата Стрновац,  во иднина предвидена е интервенција веднаш по повлекување на реката и враќање во своето речно корито и штом дозволат условите ќе се отпочне со санација на тие критични точки, изјави Филип Филиповски, раководител на подружницата  на АД „Водостопанство “

 

Критична точка има и  кај Меморијалниот центар АСНОМ, каде што превентивно ќе делува општината Старо Нагоричане

Иако водостојот на реките е зголемен , нема излевање на вода од речното корито на Кумановка.Општинските власти  имаат набавено вреќи и песок доколку се јави потреба за  интервенција на критичните точки.

 

-По завршување на овие врнежи сигурно ќе се формира комисија од страна на општина куманово и ќе излезат на терен ќе ги направат записниците за настанатите штети и ќе се отпочне со постапката, изјави Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово

 

Обилните врнежи беа причина и за појава на свлечиште на патниот правец Куманово -Крива Паланка кај селото Страцин.

Инаку, во кумановско изминатата ноќ наврнаа 19 литри дожд на метар  квадратен,но водостојот на реките е зголемен поради обилните врнежи во соседните региони.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)