Поп и рок бендови ги забавуваа кумановци

Мартинијан Кириловски со својот бенд, групите Акрепет и Конкрит џангл се само дел од програмата во која што синоќа можеа да уживаат кумановци, во рамки на новогодишниот хепенинг, односно во блокот кој беше наменет за поп и рок музика.

И покрај неверојатната атмосфера која ја направија локалните музичари, забележителна беше малата посетеност. Присутените граѓани истакнаа дека временските услови не смеат да бидат причина за малата излезеност. Тие додаваат дека на градот му недостасуваат вакви манфестации, во кои ќе им се даде можност на младите талентни.

Пред кумановци настапи и бендот Мадара, како и групата Фуснота со Емилија Дичковска. За потсетува годинава нема прослава за новогодишната ноќ на Градскиот плоштад, бидејќи локалната самоуправа одлучи граѓаните да уживаат во целодневен концерт на 30-ти декември.

 

Коментари

коментар(и)