Поради снегот нередовно се изнесува сметот на „Ѓуро Ѓаковиќ“

Жителите на улицата Ѓуро Ѓаковиќ која се наоѓа во близина на Градскиот пазар, се жалат дека кантите нередовно се празнат, па тие секојдневно се сведоци на грда слика. Велат дека камионот на јавното претпријатие Чистота и Зеленило кој треба да поминува два дена во текот на неделата, не се појавил дури три седмици. Тие тврдат дека редовно ги надмируваат давачките, за да на крај сметот го разнесуваат кучиња скитници.

-Ги викавме пред три недели едвај дојдоа, сега пак ги нема. Кога им вртиме ни велат дека ќе дојдат но нема  ништо од тоа. Чести се овие проблеми не е само сега што е снег, но порано пак еднаш во недела барем поминуваше, сега две-три недели воопшто ги нема-велат мештаните на улицата Ѓуро Ѓаковиќ.

Жителите потенцираа дека состојбата е најлоша последниве седмици. Додека екипата на телевизија Плус разговараше со овие граѓани, пристигна камионот на јавното претпријатие, кој го изнесе насобраниот смет. Од Чистота и Зеленило објаснија дека на оваа улица поради паркираните возила, но и снегот и непристапноста, нивно возило два пати било заглавено. Додадоа дека во иднина работата ќе продолжи според динамичниот план.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)