Поради финансии не се слави Ѓурѓовден во Средорек

Само во десетина домови во најголемата ромска населба во Куманово се слави празникот на обновување на природата и животот, Ѓурѓовден. За разлика од минатите години кога речиси во секоја куќа во оваа населба се готвеше празничен ручек, на кој неизбежно беше јагнешко, салати и слатки, а музиката и песна започнуваа уште во раните утрински часови, денес не е така. Улиците се празни, граѓаните се нерасположени и со празни трпези. Велат дека поради лошата финансиска состојба, не можат достоинствено да го прослават овој, како што велат за нив голем ден.

-Јас сакам да го славам, но со 20 евра кои што ги земам месечно, дали да купам јагне, за јадење, или друго нешто. Јас сакам да си ја славам славата, но немам можности-наведуваат граѓаните.

Тие се потсетуваат на минатите години кога во најубавата празнична облека, три дена пречекувале гости и заедно го славеле Ѓурѓовден. Заминувале и во природа на излет, најчесто во Кисела Вода или на Спомен Костурница, каде што со музика и оро славеле. Денес Средорек речиси е празен, бидејќи се повеќе лица заминуваат во странство. Домовите се затворени, а соседите раскажуваат дека тие бегаат од државата за да обезбедат егзистенција за своето семејство.

Инаку Ѓурѓовден се смета за празник кој што го најавува доаѓањето на како што велат многумина, најубавото годишно доба, пролетта.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)