„Порака наша“ одбележува 11 години постоење

Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години, Порака наша денеска слави 11 години од формирањето.  Дејан Стојановски,  од Порака наша истакна дека во изминатиов период биле реализирани бројни активности преку кои штитениците се стекнале со различни вештини.

-Порака наша како здружение датира од 1966 година тоа е родителско здружение кое својот најгол исчекор го направи на 6-ти декември 2006 година, денеска гордо го одбележуваме постоењето на дневниот центар Порака наша кој што секојдневно од година во година го оправдува своето постоење бидејќи негова основна цел е самостојно живеење на корисниците или живеење со поддршка-нагласи тој.

Од Порака наша истакнаа дека освен што се горди за постоењето, истовремено се и загрижени за опстанокот, бидејќи центарот не е под капата на Министерството за труд и социјална политика.

-Секоја година во соработка со општината се обидуваме да најдеме начини како овој центар ќе функциора како таков и се надеваме дека во скоро време ќе имаме средба со министерката и дека ќе поразговараме за системско решавање на постоење на вакви форми и евентуално отворање на нови, и надградба со некои повисоки форми кои се потребни за овој вид на граѓани. Покрај редовната програма постојано имаме некои нови  активности кои се еден вид освежување и што внесуваат новини коишто го прават поквалитетен престојот на корисниците овде во Дневниот центар. Постојано се трудиме да имаме спортско рекреативни активности тоа го правиме заедно со другиот дневен центар кој е под капа на МТСП, одиме заедно спортуваме во сала тоа е особено важно за нас, имаме часови по јога имавме психо-социјални работилници, најразлични активности ќе обезбедат фин пристап на нашите корисници во центарот-додаде Стојановски.

По повод 11 години од постоењето дневниот центар утринава го посети и првиот човек на градот Максим Димитриевски .Во дневниот центар секојдневно престојуваат 21 корисник, лица со различна попреченост над 18 години, а за нив се грижи стручен тим составен од психолози, социолози, дефектолози, социјални работници.

 

 

 

Коментари

коментар(и)