„Порака наша“ собира потписи пред Центарот за култура

Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака наша досега има соберено околу 1.200 потписи за измени на законски и позаконски акти, кои се однесуваат на оваа категорија граѓани. Од денеска тие имаат свој штанд и пред Центарот за култура. Тие им се заблагодарија на граѓаните што масовно им даваат поддршка за оваа иницијатива.

-Она што ние сакаме да го постигнеме се вклучивме во оваа иницијатива е всушност за поквалитетна терапија за оваа категорија граѓани самата инклузија да не е само на хартија туку да биде и практична примена да обезбедиме стручен кадар во постоечките социјални сервиси и да обезбедиме она што е предизвик е мали групни домови или 24 часовна поддршка за лицата со интелектуална попреченост посебно за возрасните бидејќи знаете дека нивните родители се постари и државата треба да им помогне со тоа што ќе ги обезбеди овие сервиси. Да не чекаме, да задоцниме и да го решаваме проблемот во 5 до 12-изјави Фросина Симоновска од Порака наша.

Андреј Арсениевски, кој има целебрална парализа завршил економски факултет и во моментов работи во Здравствениот дом, се надева дека и останатите граѓани овие денови ќе им ја дадат својата поддршка.

-Член сум на Порака наша и  дипломиран економист, сега сум на магистратура, овде се собравме поради потребите на лицата со попреченост да го кренеме нашиот глас за социјални проблеми со кои се соочуваме промена на закони со кои ќе можеме да се вклучиме во социјалата и општеството бидејќи имаме голем потенцијал за да создадеме поубаво општество-истакна тој.

Кумановци имаат уште неколку дена да им дадат поддршка на овие лица.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)