Поскапуваат бензините, дизелот со иста цена

Ново зголемување на цените на горивата од полноќ.  Бензините ќе се продаваат по цена повисока за 50 дени, а дизелот останува со непроменета цена една седмица.

Според одлуката на регулаторната комисија за енергетика, од полноќ цената на „еуросупер БС-95“ ќе биде 82,5 денари за литар, а на  „еуросупер БС-98“ ќе биде 84,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по дена од 73,5 денари за литар, а цената на дизелот останува 74 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,430 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,921 ден/кг.

Коментари

коментар(и)