Поскапуваат горивата

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе поскапат за денар по литар, а за половина денар ЕУРОДИЗЕЛот и Екстра лесното масло за домаќинство, од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена за литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 64,5 денари, а 66 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава по 55 денари, а Екстра лесно масло за домаќинство ќе чини 44 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,417 ден/кг и сега ќе изнесува 34,759 ден/кг.

Според оваа одлуката, малопродажните цени на горивата во просек се зголемуваат за 1,28 проценти.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)