Последен ден од естерниод дел на матурата

Во просториите на Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска гимназијалците го полагаа третиот предмет  од државната матурата со што го завршија циклусот од полагање на предмети од екстерниот дел. Во училиштата се полагаа општо образовни предмети кои што средношколците ги избираат во зависност од тоа кои се нивните амбиции и желби за продолжување на високото образование. Во зависност од тоа дали учениците имаат амбиција за продолжување на образованието на техничките факултети избираат предмети како што се хемија или биологија, а додека пак оние ученици кои што се заинтересирани да го продолжат во сферата на правните науки, Филозофски или Филолошки Факултет бираат соодветни предмети како што се историја и филозофија. Од Гимназијата посочија дека бројот на заинтересирани матуранти за предметите биологија и хемија изнесува само десетина проценти од вкупниот број на пријавени матуранти за полагање на овие предмети. Од друга страна само предметот филозофија го полагаат седумдесетина проценти од пријавените ученици со што може да се заклучи дека поголем број од Гимназијалците ќе го продолжат своето образование на општествено хуманистичките факултети.

 

-Денеска завршува третиот предмет што го полагаат учениците од екстерниот дел од матурата. Полагаат 194 ученици. Хемија полагаат 7 ученици, Историја 32 во 3 училници, Биологија во 2 училници 15 ученици и филозофија најмногу 140 ученици во 10 училници. Вкупно 16 училници, 194 ученици. Се отпочна како што треба, дојдоа сите ученици, тестовите беа поделени, вели Лидија Костиќ, психолог во Гимназија „Гоце Делчев“

 

Во однос на неофицијалните забелешки од матурантите кои што ги полагаа предметите од Гимназијата посочија дека допрва треба да се разгледуваат во сооднос со резултатите. Од Гимназијата сметаат дека импресиите зависат од личните квалитети и времетраењето на подготовките на ученикот. Учениците имале можност да се подготвуваат уште од декември кога ги и пријавиле предметите.

 

-Разно разни се импресиите, некои велат дека е добро, биологија – два три ученика велат добро поминавме, историја добро, филозофија се жалат на есеите, темите. Кој како се подготвил како што очекувал, што добил, допрва ќе го видиме кога ќе ги видиме резултатите, вели Лидија Костиќ, психолог во Гимназија „Гоце Делчев“

 

Од Гимназијата истакнаа дека од голема важност е што сите ученици се појавиле на испитот утрово. Исто така очекуваат дека и оваа година сите ученици ќе го завршат образованието со завршена матура.

 

За нас е добро што сите дојдоа на испит. Многу често недостасуваа, доцнеа учениците, баравме по телефон преку класни, преку нивни другари, успеавме сите да ги доведеме на испит, е сега резултатите до 10 јули ќе бидат, ќе видиме што сме направиле. Јас секоја година сум со матуранти и до сега можеме само да се пофалиме од 2007 како е почната матурата нема ученик што останал без матура, дали државна или училишна. Сите деца заминаа во животот со наша гимназиска диплома, вели Лидија Костиќ, психолог во Гимназија „Гоце Делчев“

Денеска заврши екстерниот дел на матурата во сите средни училишта во градот, а од понеделник почнуваат тестирањата за интерниот дел.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)