Посна трпеза за среќа, здравје и бериќет

Посна трпеза за среќа и бериќет и благослови за здравјето на семејството се дел од обичаите, кои ги практикуваат верниците за одбележување на Бадник, ден пред големиот христијански празник, Божиќ. За бадниковата вечер во секој дом се меси лепче во кое се става паричка, која домаќинот откако ќе се прекрсти и благослови, ја крши на толку делови, колку што има членови во семејството, оставајќи дел за Господ и куќата. Постои верување дека кај оној што ќе се падне паричката ќе има среќа во текот на целата година, а истата треба да ја остави да стои во чаша со вино. Освен бадниково лепче, домаќинките подготвуваат и посен грав, сарма, зелник и слично. Но пред поставувањето на трпезата, неизбежно е бадниковото дрво, за кое постои верување дека внесува среќа и благосостојба во домот.

-Со него се китат вратите, прозорците за да се заштити куќата од злото, воедно да се донесе и благосостојба. Со тоа верување е застапено тоа и да се запали во огинот вечерва тука има поголем број верувања според едни се дава една светлина во домот и се најавува христовото раѓање, кон дрвото се постапува и од друга страна како кон препишување на присуството на предците дека таа вечер ќе се обединат околу тој огин да вечераат со нив на трпезата такашто постојат повеќе верувања но едно е значајно што сепак со овој празник се очекува среќа и берикет во тек на целата година-нагласи Анита Ѓорѓиоска, етнолог.

Етнологот Ѓорѓиоска истакна дека меѓу народот постои верување и дека сето она што ќе биде поставено на бадниковата трпеза, не треба да се изнесува надвор од домот, туку се собира утредента.

-Постои едно широко општо познато верување кај и да си на Бадник дома да си, во кругот на семејството, да прославиш со своето најблиско, сламата е исто така значајна ја изоставив во самиот разговор, таа се става на трпезата обичај е долу на земја да се јаде, се поставува првин сламата и житото, а после храната, со верување на Христос е роден во јаслите сламата е всушност симбол на раѓањето-додаде таа.

На Божиќ верниците првин заминуваат на литургија во црква, а потоа ги посетуваат своите блиски, кои ги поздравуваат со Христос се роди, Навистина се роди.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)