Постигнат договор за уличното осветлување

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски информираше дека е надминат проблемот со осветлување на улиците Трета МУБ, Октомвриска револуција и населбата Карпош. Тој нагласи дека по денешните четиричасовни преговори со претставниците на ЕВН, пронашле решение.

-Граѓаните треба да знаат дека тој проблем е надминат и лошата комуникација која се случи на ниво на локалната самоуправа, јавното претпријатие кое е задолжено да ги мониторира броилата и ЕВН. После долги разговори се договоривме да комуницираме на адекватни нивоа со секторот за финансии, јавното претпријатие и пред се директна комуникација со директорот на подрачната единица-изјави тој.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)