Потранспарента локална заедница за информирани граѓаните

Потранспарентни локални совети, поголема информираност на граѓаните и што се случува зад затворените врати на советничките состаноци бара Здружението на Млади Европски Федералисти од Куманово. Тие денеска  го промовираа проектот “Советниците дискутираат, граѓаните читаат“, финансиран од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“

– Проектот е дизајниран со првична цел да овозможи вмережување на граѓанските организацииод најмалку 6 различни градови во Македонија и преку тоа да се подобри градење на капацитетите на граѓанските организации за да се поврзат со граѓаните и со локалните власти. Овој проект започна со дводневни обуки  за да ги обучат претставниците на грантистите а потоа тие да одржат предавање за членовите на нивните организации, вели Кристина Димовска, меѓународен координатор.

Настанот организиран од Здружението на  Млади Европски Федералисти е во состав на проектот „Мрежа од организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), вели Сања Богатиновска, претседател на „ЏЕФ. На настанот  присуствуваа граѓанските организации кои се дел од мрежата, а  добредојдени беа  сите кои сакаат да дознаат повеќе во врска со проектот. Сите организации  имаат можност да станат дел од оваа мрежа само со потпишување на декларацијата на „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)