Потребна реконструкција на ОУ „Христијан Карпош“ во Пуковско

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска го посети подрачното училиште Христијан Карпош, во населбата Иго Тричковиќ, помеѓу кумановци попозната како Пуковско. Тој се запозна со лошите услови во коишто работи оваа воспитно образовна установа. Димитриевски се надева дека со поддршка на Советот и надлежното министерство, како и со апликација на проекти ќе успеат да обезбедат средства за реконстркција.

-Овде имаме сериозни проблеми во делот на имотно правните односи за училишниот двор, не е целосно комплетиран, има парцели на приватни лица кои во догледен период ќе се обидеме во постапка за можна замена или евентуална ескпропријација на земјиштето да ги докомплетираме парцелите и да направиме една целосна училишна инфраструктура онака како што доликува на сериозна и делумно развиена населба какошто е Иго Тричковиќ. Воедно сакам да ја искористам приликата да се заблагодарам и на граѓаните и на родителите на децата и на учителскиот кадар  и помошниот персонал што даваат придонес да се одвива непречено наставата во овие услови какви што ги имаме-посочи тој.

При денешната посета на училиштето лиценцираниот колективен постапувач Елколект, заедно со општина Куманово донираше телевизор, којшто останал неискористен  во рамки на наградната игра Да рециклираме и да се наградуваме.

-Голема благодарност до градоначалникот и до фирмата Елколект за дарување на телевизор. Нашето училиште зема активно учество во акцијата за собирање на електричен отпад и батерии како резултат најверојатно на тоа добивме денеска телевизор да ги подобриме условите за работа во ова училиште. Ова е големо училиште, бројката на ученици постојано се зголемува има услови за работа и покрај многуте проблеми, овде имавме и пожар, нерешено имотно правни односи сепак имаме добри услови благодарение на наставниците и помошниот кадар кои работи овде и имаме успех кај децата што е најважно-посочи  Лидија Костиќ, директор ОУ „Христијан Карпош“.

Во подрачното училиште Христијан Карпош се образуваат 120 ученици.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)