Потребни се волонтери за помош на мигрантите

Група од дваесеттина волонтери секојдневно помагаат на мигрантите сместени во градската џамија, но тие не е доволни. Како што велат волонтерите, кои што веќе се ангажирани, во џамијата Синан Паша, има потреба од луѓе кои знаат да укажат прва помош и кои ќе се вклучат во помагање на бегалците. Освен луѓе кои знаат да вршат преврски на раните, потребни се и граѓани кои ќе сакаат да ги слушнат приказните и да им дадат совет на мигрантите,вели активистката Александра Ддодевска. Иако бројката на мигранти кои пристигнуваат секојдневно се менува, таа вели дека малиот број на хумани граѓани не може целосно да се посвети на сите оние на кои им е потребна помош.

– Најмногу помош ни треба попладневни часови кога ќе се соберат по 200-250 луѓе во џамијата внатре, меѓутоа потребни се луѓе кои знаат да се снајдат во вакви ситуации. Не е потребна само медицинска помош. Некои од нив се преплашени, мора да ги опуштиме и да разберат дека тука се безбедни, зашто џамијата е место кадешто тие навистина се безбедни, вели Додевска.

Додевска нагласи дека во изминативе денови, поради падот на температурите, најпротребни им биле ќебиња и топла облека. Токму поради непредвидливите промени на времето, таа апелираше до сите граѓани да донесат подебели парчиња облека и прекривки за да се спасат мигрантите од премрзнување во ноќните часови. Освен тоа, потребни се и медикаменти кои можат да се купат без рецепти од лекарите.

– Потребни ни се медицински препарати затоа што се трошат постојано. За медицински препарати мислам на оние кои можат да се купат без рецепти. Ние не им даваме препарати за коишто е потребен лекарски рецепт без да  ги одведеме во болница, додава Додевска.

Активистите апелираа до граѓаните да одвојат малку од своето време и да ги посетат прегладнатите бегалци, но и да донираат се што сметаат дека би им користело при долгиот и макотрпен пат.

– До граѓаните би апелирала да донесат се што е потребно бидејќи луѓево оставалесе зад нив и им треба секоја помош што можат да ја дадат граѓаните. Јас верувам дека ние сме хумани и дека ќе можеме да им излеземе во пресрет на овие луѓе кои имаат потреба од нас, изјави Шејнур Сума, активист од Легис Скопје.

Сите граѓани кои се заинтересирани за пружање на помош, треба да се обратат до волонтерите во градската џамија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)