Потрошени 18 насто од буџетот на општината

Во првите три месеци од 2015 година општина Куманово потрошила околу 300 милиони денари или 18 посто од буџетот. Реализитрани се 7 посто од капиталните приходи ,а најголем дел се наменети за изградба и реконструкции на улици, изградба на затворен базен и јавно осветлување во градот.

-За првите три месеци од годината реализирани се 21 насто од буџетот. Има реализација на даночните и неданочните приходи, на приходите од самофинансирачки активности, како и на приходи од донации и дотации од посебни општински и буџетски корисници. Реализацијата на расходната страна е 18 насто-вели Ирена Илиевска, раководител на секторот за финансии.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ критикуваат дека буџетот е нереален и не се предвидени финансиски средства за решавање на проблемите со паркирањето, сообраќајниот хаос и дивите депонии.  Тие предвидуваат дека до крајот на годината може да се оствари само 80 посто од буџетот. На седница на Советот на Општина Куманово беше усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот  за првиот квартал од 2015 година и буџетскиот календар.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)