Почна реконструкцијата во ОУ „Вук Караџиќ“

Почна замена на надворешната столарија во основното училиште „Вук Караџиќ“. Градежните активности се почнати и според договорот со избрана фирма се очекува да завршат до крајот на распустот. Проектот „Рехабилитација на училиште „Вук Караџиќ“ е дел од проектот на Министерството за образование и наука опфаќа замена на прозорци и адаптација на простории во тоалет за ученици со попреченост и реконструкција на пристапна рампа.  Во рамки на овој проект училиштето склучи договор со МОН и општина Куманово за реконструкција на фасада на училишната зграда и реконструкција пристапни патеки околу објектот.

Коментари

коментар(и)