Почнува летниот распуст за учениците

За учениците денеска е последниот училиштен ден и почнува летниот распуст. Учебната 2018/2019 година ја завршуваат околу 16 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 1160  првачиња. На полуматурантите им претстои запишување во средните училишта.

-На 13 –ти јуни ќе им бидат доделени свидетелства на деветоодделенците да имаат можност да се запишат таму каде што сакаат. Како директор на основното училиште „Браќа Миладиновци“ сум задоволна од сите успеси кои се постигнати во оваа учебна година и на план награди за учениците и награди за училиштето. Имавме комплексно реновирање на училишната зграда во Соколана и тој објект е пример за одржување на воспитно- образовниот процес, сега во овој момент останува во делот на Тане Георгиевски објектот кој го имаме, имаме едно мало реновирање и се надевам дека од први септември пуштање на центарот за целодневен престој на деца со посебни потреби, така што оваа учебна година беше плодна и за нас вработените и за учениците, изјави Марина Манојловска, директор на ООУ „Браќа Миладиновци“ 

И за следната учебна година најголем број запишани првачиња, како и претходните неколку  години е основното училиште „Браќа Миладиновци“ .

-И оваа година на ниво на општина Куманово „Браќа Миладиновци“ има најголем број запишани првачиња, за жал можам да кажам дека во село Студена бара уписот се намалува и не е во рамките на она предвидено како што ние сакаме, но според она колку се иселуваат се надевам дека догодина нешто ќе биде подобро на тој план таму, инаку во самиот центар и во реонските училишта уписот е над 145 ученика, изјави Манојловска. 

За полуматурантите, првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни.

Матурантите, пак, треба да поминат уште две тестирања од државната матура овој месец пред да се запишат на факултет во август. Во вторник е полагањето на третиот екстерен испит (бизнис, историја, биологија, филозофија, хемија,  физика, естетика или социологија), а на 13 јуни е тестот по математика.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)