Пошумување на Даштев рид во населба Гоце Делчев

Околу 5.000 садници денеска садеа екипите на jавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, на Армијата, општината и учениците од петте средни училишта од Куманово на појасот под градските гробишта до населбата „Гоце Делчев“. Според надлежните, целта на оваа акција е да се формира заштитен појас во овој дел од Куманово и да се влијае врз намалување на аерозагадувањето.

Градоначалникот  Максим Димитриевски изјави дека во наредниот период ќе бидат засадени 10.000 садници на подрачјето на градот, како дел од мерките за заштита на амбиенталниот воздух.

-Апелирам до граѓаните да се вклучат во акциите за пошумување бидејќи јасно е дека еден од главните проблеми во делот на загадувањето е недостатокот на зелени површини. Сметам дека сите можеме да дадеме несебичен придонес во озеленувањето на градот-изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Садниците со кои денеска се пошумуваше ги произведе јавното претпријатие Чистота и зеленило во расадникот.

-Оваа акција е дел од мерките  зададена од Советот на општината за намалување на аерозагадувањето, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“

Меѓу низата краткорочни и среднорочни мерки за намалување на аерозагадувањето и заштитата на животната средина во Куманово, донесена на Советот на општината е и засадување на повеќе површини со садници. Претходно, екипите на „Чистота и Зеленило“ садеа зимзелени садници, грмушки и листопадни дрвца на повеќе подрачја во урбаните средини, на островцата меѓу зградите.

Надлежните повикаа граѓаните совесно да се однесуваат кон садниците, да не ги уништуваати откорнуваат. Оваа акција се реализира во пресрет на 21 март , Ден на пролетта.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)