По повод Светскиот ден на екологијата,гимназијалците организираа дебата за справување со смет

По повод 21-ви март, Светски ден на пролетта и екологијата, средношколците при гимназијата Гоце Делчев организираа дебата, на која учениците од неколкуте училишта од градот, дискутираа за зачувување на животната средина, односно справување со сметот.

Тие најпрвин изведоа драмска пиеса, во која се присутни елементите за изнаоѓање на решенија за овој проблем.

-На овој убав еколошки ден учениците од гимназијата решија на еден поинаков начин да се претстават, со драмска пиеса во која се присутни елементи како да најдеме решение, бидејќи работејќи во гимназијата на предметот драмска уметност, видовме резултати дека делува врз свеста на учениците кога нешто ќе го поставиш во вид на глума, и кога ќе го видат повеќе луѓе, можеби онака повеќе се буди кај човекот околу нас, сметот на поинаков начин да се третира. Денеска ќе ја почнеме оваа дебата, со таква драмска изведба, подоцна ќе се развие дебата на истата тема, се ќе биде спонатано, многу луѓе дојдоа и се надеваме дека со вакви настани и се што го замисливме навистина нашата свест, бидејќи нашата парола е Се почнува од нас- истакна Анита Цветковска, наставник гимназија Гоце Делчев.

-Најголемиот дел ние го имаме во нарушување на нашата средина и ние самите се виновни за се што нарушуваме, отпадоците што ги фрламе на страна, затоа тука сме токму ние, младите да ја кренеме свеста на останатите наши од генерацијата да ја подигнеме свеста и сите заедно можеме да успееме за подобра околина-дополни ученичката Стефани Николовска.

На настанот присуствуваше и директорот на јавното претпријатие Чистота и Зеленило, Даниел Стојчевски кој истакна дека е задоволен што училиштата преземаат иницијативи за организирање на вакви дебати.

-Морам да потенцирам дека еден од поголемите проблеми што ги има јавното претприајтие Чистота и зеленило е токму фрлањето на сметот на смаите јавно прометни површини каде што е згоелемен обем особено околу средните и основните училишта, по завршување на малите и големите одмори, може да забележите дека тука навистина има голем хаос и ми е драго што и самите директрои на средните и основните учиипшта преземаат сопствена иницијатива за воведување на една ваква дебата каде на овој начин ќе се едуцираат самите ученици за начинот како треба сметот да се одлага, ова навистина ќе знаќи многу за јавното претпријатие -истакна Стојчевски.

Тој истакна дека изминатиов период, како една од мерките за намалување на аерозагадувањето, на територија на општината биле засадени 5.000 седници. Дополнителни 5.000 седници се планирани и за Спомен Костурница. 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)