По распишана потерница приведен кумановец за доиздржување казна затвор

Полициски службеници од СВР Kуманово вчеравечер во 21.30 часот го лишиле од слобода кумановецот Ф.Р.(22), кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна во времетраење од една година и три месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, Ф.Р. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)