По 19 пат „Денови на комедија“ во Куманово

Тринаесет театри од Македонија, Србија, Бугарија и Косово од први до 15ти октомври ќе играат на 19то издание од Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ кој и оваа година ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Честа да го отворат фестивалот ќе ја имаат актерите од Театар „Комедија“ со претставата „Име“, а традиционално како и секоја година последната вечер ќе биде резервирана за домаќините, актерите од кумановскиот театар кои ќе ја играат претставата „Бегај еве ја жена ти“.

Што се однесува до гостувањата од странство, оваа година организиравме четири претстави и тоа: две претстави од Србија, една од Белград и една од Крагујевац, една претстава е од Габрово, Бугарија и една од Приштина, Косово. Сите претстави ќе се случуваат во зградата на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, традиционално со почеток во 20 часот, освен претставите од Косово, претставата на кумановскиот театар на албански јазик и турскиот театар ќе се случуваат во зградата на Театар Куманово. Можам да кажам дека цената на билетот е традиционално каок и секоја година 100 денари – вели Сашо Костовски, директор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Еден од челновите на Советот на фестивалот, Петар Темелковски вели  дека и годинава,како и претходните фестивалот ќе биде одличен.

Навистина репертоарот на фестивалот „Денови на комедија“ е одличен и оваа година, бидејќи скоро сите претстави што се од нашата домашна продукција ги знам, некои дури и ги носев на фестивалот во Прилеп, со претставата име од Театар Комедија го отворивме фестивалот, ги знам претставите се одлични, така да мислам и годинава ќе имаме квалитетен репертоар на фестивалот – изјави Петар Тмелковски, член на Совет на фестивалот.

Како што истакна Ристо Стефановски, следната година ќе биде јубилејниот 20ти фестивал за кога ќе се потрудат да обезбедат побогата програма која ќе им ја понудат на кумановци.

Овој фестивал помина преку разни тешкотии, но благодарејќи на залагањето на луѓето во фестивалот, публиката која адде голема поддршка на фестивалот со тоа што го полнеше салонот, на некој начин имаме не фестивал ради фестивал, туку фестивалот и публиката прават една целина – изјави Стефановски.

Инаку главен покровител и на овогодинешното издание е Министерството за култура со 10 илјади евра финансиска поддршка.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)